Плакарите со лизгачки врати се совршено решение за ефективно искористување на секој сантиметар од Вашиот простор.

Направени по мерка тие перфектно се вклопуваат во сите ентериери давајќи им уникатен карактер, не ретко искачувајќи се на пиедесталот “ Најзначајно парче мебел во собата“
Поставени од под до плафон, со нив нема отворен простор, нема прашина и најважно секој недостапен дел е искористен.

Исто така доколку ентериерот тоа го бара можат да се конструираат во внатрешен и надворешен агол.