Уредувањето на соба гардеробер без оглед на нејзината големина е голем предизвик како за дизајнерот така и за корисниците. Простран, функционален и персонализиран гардеробер е сон на многу луѓе.

СДИ може да го претвори сонот во реалност применувајќи го долгогодишното искуство и многу расположливи додатоци, полици, фиоки, осветлување и најразлични материјали.
Може да се постави во посебна наменска соба или во преграден дел од спалната.

Со мудра организација и двата типа можат да бидат функционални и специјално дизајнирани според Вашите потреби.